Поранешниот премиер Зоран Заев денеска поднесе тужби за клевета и нарушување на честа и угледот против пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, и сопственикот на клиниката „Жан Митрев“, доктор Жан Митрев. Заев преку социјалните мрежи информираше дека правната разрешница ќе ја бара на суд, по претходните јавни обвинувања упатени кон него.
„Поднесени се тужбите против Бране Петрушевски и Жан Митрев за клевета и нарушување на чест и углед.
Не постои никаква дилема дека ќе се докаже лагата и на двајцата. Надоместокот од добиените тужби ќе оди за децата без родители и лицата со посебни потреби“ напиша Заев на социјалните мрежи.
Заев претходно најави дека ќе поднесе тужби ако Петрушевски не му се извини за тврдењата дека заплентетата марихуана била поврзана со фирми блиски до Заев, додека пак екс премиерот го тужи доктор Митрев поради неговите тврдења за преземање на неговата болница.
И во двете тужби, Заев како надомест бара по 500.000 денари.


