Close Menu
Press24
    Најново

    Подгответе се за промена на времето: УХМР најавува обилни дождови

    29.10.2026 во 08:01

    Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ

    28.10.2026 во 23:42

    20 години од смртта на Наско Џорлев

    28.10.2026 во 23:19
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Подгответе се за промена на времето: УХМР најавува обилни дождови
    • Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ
    • 20 години од смртта на Наско Џорлев
    • Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво
    • Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж
    • Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
    • Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
    • Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Задолжителната медијација пред Уставен суд: Ќе се оценува одредбата за споровите до 1 милион денари

    Задолжителната медијација пред Уставен суд: Ќе се оценува одредбата за споровите до 1 милион денари

    07.10.2026 во 07:583 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Уставниот суд денеска ќе ја одржи 24. седница, на која ќе разгледува осум иницијативи за оценување на уставноста и законитоста, како и предлог за одлучување по нацрт-одлука.

    Меѓу иницијативите е и оспорувањето на член 461 од Законот за парничната постапка, со кој е предвидена задолжителна медијација како услов за поведување и водење постапка во спорови меѓу правни лица со вредност до 1.000.000 денари. Според подносителот, адвокатот Горан Николовски, ваквата обврска претставува непропорционално ограничување на пристапот до судска заштита.

    Судот ќе ја разгледува и иницијативата на Славко Димитров за член 157 став 8 од Кривичниот законик. Според наводите во иницијативата, одредбата ги засега моралните авторски права гарантирани со Уставот, како и автономијата и достоинството на авторот.

    На дневен ред се и две иницијативи поврзани со Законот за заштита на децата. Климентина Ангелеска ги оспорува одредбите што се однесуваат на правата поврзани со првото, второто и третото новородено дете, оценувајќи ги како дискриминаторски.

    Пред уставните судии ќе биде и иницијативата за член 12 став 1 алинеја 9 од Законот за адвокатурата, со која Оливер Давидовски го оспорува условот за упис во Именикот на адвокатите поврзан со претходно престанување на функција или работен однос со конечна одлука со која е утврдена одговорност. Според него, поимот „одговорност“ не е доволно јасно и прецизно дефиниран.

    Давидовски ја оспорува и одредбата од Законот за бесплатна правна помош со која е предвидена можност Министерството да одбие исплата на надоместок на вештак доколку утврди дека не ги исполнил законските обврски.

    Судот ќе разгледува и иницијатива поврзана со акти на Агенцијата за супервизија на осигурување во делот на осигурително-брокерските работи. Подносителот Жарко Хаџи-Зафиров тврди дека со оспореното укажување на брокерските друштва им се наметнуваат обврски што не се предвидени со закон.

    На дневен ред е и иницијативата на Скендер Реџепи за Правилникот за начинот на водењето, формата и содржината на педагошката евиденција и документација во средните училишта.

    Осмата иницијатива, поднесена од Славко Димитров, се однесува на точка 103 од Заклучокот на Владата од 4 февруари 2020 година. Во неа се оспорува начинот на кој, според подносителот, е ограничена законската надлежност на Министерството за култура во областа на авторското право.

    Уставниот суд ќе одлучува и по нацрт-одлуката во предметот У.бр.47/2026. Станува збор за предметот по кој Судот на 8 јули 2026 година поведе постапка за оценување на уставноста на дел од член 60 став 2 од Законот за социјалната заштита, кој се однесува на правото на одредени категории лица по навршување 60 години за жени, односно 62 години за мажи.

    Featured Just In Picks Top News
    Прочитај повеќе

    Подгответе се за промена на времето: УХМР најавува обилни дождови

    29.10.2026 во 08:01

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.