Изградбата на пругата Бељаковце – Крива Паланка е реализирана околу 40 проценти, а до крајот на годината се очекува половина од проектот да биде завршен, информира директорот на МЖ Инфраструктура, Синиша Ивановски.

Делницата е долга 34 километри, а во моментов интензивно се работи на најдолгиот мост на трасата, долг 194 метри. Тој е еден од трите мостови кои допрва треба целосно да се изградат од вкупно 29 на делницата.

Паралелно се произведуваат и бетонски елементи за санација на 26 полуизградени мостови од 90-тите години. Од потребните 352 елементи досега се произведени 71, со динамика од околу десет неделно.

Од МЖ Инфраструктура најавуваат продолжување на работите со засилено темпо до целосна реализација на проектот.

Exit mobile version