По повод Европскиот ден на правдата, Програмската канцеларија на Советот на Европа објави натпревари за цртежи и есеи на тема „Да ја доближеме правдата поблиску до граѓаните и граѓанките“.  

Министерството за образование и наука на својата веб-страница објави дека натпреварот за цртежи е отворен за деца и млади уметници од 6 до18 години, додека Конкурсот за есеи е наменет за млади помеѓу 15 и 28 години. Краен рок за поднесување на цртежите и есеите е 25 октомври 2025.

Повеќе информации во врска со условите за учество и начинот на пријавување се достапни на https://rm.coe.int/call-for-submissions-drawing-and-essay-competition-final-final/488028ab3e и на ФБ на Програмската канцеларија на Советот на Европа: https://www.facebook.com/share/p/1FiMaDhE46/ 

Exit mobile version