Овој протест е само почеток доколку не ги зголемат Вашите плати и доколку продолжат да го газат Вашето достоинство. Затоа, Сојузот на синдикатите на Македонија организира Протест со главна цел:
– Зголемување на работничките плати за најмалку 6.000 денари преку зголемување на минималната плата на 600 евра.
Протестот започнува на 28 јануари 2026 година во 17:00 часот пред Работнички дом (зграда на ССМ на ул. Мирче Ацев бр.6) во Скопје, по што продолжува пред Собранието, Стопанската комора и Македонската Влада.
ССМ со протест бара зголемување на работничките плати од најмалку 6.000 денари и минималец од 600 евра, стои во соопштението на ССМ испратено до медиумите.

