Општина Ѓорче Петров доделува по 8.000 денари финансика поддршка за секое новородено дете. 

– Продолжуваме со зголемена грижа и поддршка за најмладите и нивните семејства. Од оваа година, секое новородено добива 8.000 денари финансиска поддршка – конкретна помош во најубавите, но и најодговорни моменти за секое семејство. Ова не е само финансиска мерка, туку јасна порака дека семејството, децата и иднината се наш приоритет, порача првиот човек на општината Александар Стојкоски. 

Додава дека како општина продолжуваат со политики што носат сигурност, грижа и поддршка – таму каде што е најважно.

Exit mobile version