Регулаторната комисија за енергетика на денеска попладне треба да ги објави новите максимални малопродажни цени на нафтените деривати.
По намалувањето на цените до својот 2 годишен минимум во последнитое месец од минатата година, од почетокот на оваа регистрираме благо зголемување.
Дизелот за месец дена поскапел за 1,5 денари по литар, а бензинот во истиот период цената ја зголемил за 2 денари по литар.
Во моментов литар бензин од 95 октани се продава по цена од 72 денари додека дизелот се точи по 66,5 денари за литар.

Exit mobile version