На 25.01.2026 во периодот од 14:00 до 22:00 часот, од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај Скопје и Единицата за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје беше спроведена зајакната акциска контрола. При контролата, на различни локации на подрачјето на општина Аеродром, од слобода се лишени Б.П.(33) и К.З.(21), двајцата од Скопје, затоа што кај нив е пронајдена и одземена марихуана. Кај Д.А.(26) од Скопје бил пронајден и одземен нож, а во друг случај е одземен еден мотоцикл поради сомнение за фалсификат. Од страна на полициските службеници од Одделението за безбедност на патниот сообраќај Скопје санкционирани се 37 сообраќајни прекршоци, меѓу кои две за управување возило без возачка дозвола, две за измината важност на регистрација, една за управување возило под дејство на алкохол итн. Извршена е контрола на 55 моторни возила, легитимирање на 55 лица и преглед на 48 моторни возила.
Актуелно
- Филипче од Собрание: Не се спроведува реформската агенда ама буквално никако
- Крилото на Села од АА го оспори Сејф сити пред Уставен суд: Што сака да крие Владата?
- Снежна бура ja парализираше Америка: Прогласена вонредна состојба во 20 сојузни држави
- Од понеделник Кисела Вода и „Паркови и зеленило“ стартуваат со голема еко-акција
- Трагедија ја потресе Македонија: 24-годишно момче пронајдено мртво во неговиот дом
- Досега четвроца се пријавиле за нов државен јавен обвинител
- По 8 илјади денари за секое новороденче во оваа скопска општина
- Вучиќ пресече: Годинава одиме на избори

