За седум дена починале 26 пациенти со Ковид 19 кои биле вакцинирани, МЗ открива колку имале хронично заболување

Во период од 08.10-14.10.2021, починале 105 пациенти со Ковид 19, од нив над 75 % биле невакцинирани. Од вкупно починатите пациенти во период од 8.10 до 14.10, само 26 пациенти починати со Ковид 19, биле вакцинирани. Само еден од починатите пациенти немал хронично заболување и имал 80 години.  

Двајца пациенти се вакцинирани со вакцината на Фајзер. Тројца со вакцина Астра Зенека, четири починати пациенти со Ковид 19, примиле вакцина Синовак, а 17 пациенти примиле вакцина од производителот Синофарм.  

Министерството за здравство во продолжение информира за возраста и хроничните заболувања што ги имале 26 те пациенти, кои починале со ковид.  

8 октомври:

Пријавени за починати 16 пациенти со Ковид 19, 5  од починатите биле вакцинирани:  

84 год. кардиолошко заболување 

62 год. кардиолошко заболување 

78 год. кардиолошко заболување 

63 год. кардиолошко заболување и дијабет 

73 год. кардиолошко заболување и дијабет 

9 октомври:

Пријавени за починати се 18 пациенти, само 1 од пациентите бил вакциниран. Пациентот имал 80 години и имал две хронични заболувања дијабет и кардиолошко заболување.  

10 октомври  

14 пациенти пријавени за починати, од нив 3 вакцинирани.  

64 год. кардиолошко и малигно заболување 

59 год. со кардиолошко заболување 

68 год. кардиолошко заболување и дијабет 

11 октомври  

18 пациенти пријавени за починати од нив 6 вакцинирани:  

72 год. кардиолошка и белодробна болест  

69 год кардиолошка болест 

81 год кардиолошка болест и дијабет 

76 год кардиолошка болест 

64 год белодробно заболување 

56 год кардиолошко заболување 

12 октомври  

6 пријавени за починати, само 1 вакциниран пациент на 80 години - нема хронично заболување; 

13 октомври  

20 пријавени за починати, 8 вакцинирани: 

61 год. кардиолошко заболување и хипотироидизам 

80 год. кардиолошко заболување, белодробно заболување и дијабет 

77 год. кардиолошко заболување, белодробно заболување и дијабет 

48 год. кардиолошко заболување, белодробно заболување и дијабет 

72 год. кардиолошко заболување, дијабет и бубрежно заболување 

77 год. кардиолошко и белодробно заболување 

78 год. кардиолошко заболување, белодробно заболување и дијабет 

71 год. кардиолошко заболување 

14 октомври  

13 пријавени за починати, 4 вакцинирани:  

75 год. крдиолошко заболување 

74 год. кардиолошко заболување и дијабет 

64 год. кардиолошко заболување и дијабет  

77 год. невромускуларно заболување 

19.10.2021 - 14:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега