Close Menu
    Најново

    За многу години: Денес е Свети Јован Златоуст

    26.11.2025 во 09:38

    Левица предлага државата да субвенционира квалитетни контрацептивни средства за жртвите

    26.11.2025 во 09:35

    Комисијата за буџет денеска ги разгледува измените за ДДВ на мали пратки

    26.11.2025 во 09:28
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • За многу години: Денес е Свети Јован Златоуст
    • Левица предлага државата да субвенционира квалитетни контрацептивни средства за жртвите
    • Комисијата за буџет денеска ги разгледува измените за ДДВ на мали пратки
    • ФОТО: Струмичката општинска зграда светна во портокалова боја
    • Филипче: Власта на Мицкоски продолжи каде што застана Никола Груевски
    • Филипче: СДСМ напорно работеше за потребите на жените, со оваа власт сè паѓа во вода
    • Петрушевски: СДС го партизираше правосудниот систем, неопходни се реформи
    • Подгответе ги чадорите: Ќе врне цела седмица
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » За многу години: Денес е Свети Јован Златоуст

    За многу години: Денес е Свети Јован Златоуст

    26.11.2025 во 09:38
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Патријарх Цариградски. Роден е во Антиохија во 354 година, од татко Секунд, војвода, и мајка Антуса. Изучувајќи ја грчакта философија Јован се згнаси од грчкото незнабоштво и ја усвои христијанската вера како едиствена и целосна вистина. Крштение прими од Мелетиј, патријархот Антиохиски, а потоа примија Крштение и неговите родители. По смртта на родителите се замонаши и почна строго да се подвизува. Тогаш ја напиша книгата „За свештенството“ и тогаш му се јавија Светите апостоли Петар и Јован и му прорекоа голема служба, голема благодат, но и големо страдање. Кога требаше да биде посветен за свештеник се јави ангел Божји: истовремено и на патријархот Флавијан (после Мелетиј) и на самиот Јован. А кога патријархот го ракополагаше, сите видоа светол бел гулаб над Јовановата глава. Прославен заради мудроста, подвигот, и словото со голема власт, беше избран по желба на царот Аркадиј за патријарх Цариградски. Шест години управуваше со Црквата како патријарх со неспоредлива мудрост и ревност. Испрати незнабожечки мисионери кај Келтите и кај Скитите, ја сотре симонијата во Црквата симнувајќи мозина епископи-симонисти; ја рашири милосрдната дејност на Црквата; напиша посебен чин на Светата Литургија; ги посрами еретиците; ја изобличи царицата Евдоксија; Светото Писмо го растолкува со својот златен ум и јазик, на Црквата ? остави многу драгоцени книги со неговите беседи. Народот го прослави, завидливците го замразија, царицата двапати го испрати во прогонство. Во прогонство помина три години и се упокои на Крстовден, 14 септември, 407 година, во местото Коман во Ерменија. Пред смртта повторно му се јавија апостолите Јован и Петар, а и Светиот маченик Василиск (под 22 мај), во чијашто црква ја прими Светата Причест. „Слава Му на Бога за с ? !“, беа неговите последни зборови и со тие зборови душата на златоустиот патријарх замина во Рајот. Од моштите на Св. Јован Златоуст главата почива во Успенскиот храм во Москва, а телото во Ватикан во Рим.

    Тропар
    Благодатта на твојата уста блесна како светлината на огнот и ја просвети вселената, и светот го научи богатството да не го бара во среброљубието, а ни ја покажа и возвишеноста на смирението. Но, учејќи н? со твоите зборови, оче Јоване Златоусти, моли Го Словото – Христа Бога, да ги спаси душите наши.

    Кондак
    Јоване Златоусти, од небесата си ја примил божествената благодат, и со твоите усни ги учиш сите да се поклонуваат на едниот Бог во Троица; блажен и преподобен, достојно Те славиме, како наставник на божествени работи.

    Светите маченици Антонин, Никифор, Герман и Манета

    Првите тројца кога еднаш видоа како незнабожците на некој свој парзник им се поклонуваат на идолите со извици и игри, излегоа храбро пред толпата и почнаа да Го проповедаат единиот Бог во Троица. Началникот на Кесарија Палестинска, каде што се случи ова, толку се раздразни од оваа постапка на тројцата христијани, што нареди веднаш да им ги отсечат главите. Манета беше девица христијанка. Таа ги следеше мачениците кога ги водеа на губилиште. Ја фатија и нејзе и после лути маки ја спалија во оган. Пострадаа сите во 308 година, кога се преселија во вечната радост на живиот Бог.

    Тропар
    На вревата од овој свет се спротивставивте со силата на тишината, на безбожното неверие, истапивте со силата на молитвата, о Антонине, Никифоре и Германе. Затоа Христос Бог ја награди ревноста ваша со венец маченички и слава вековна. По нивните свети молитви, Господи спаси и помилуј.

    Преподобниот маченик Дамаскин

    Роден е во Галата во Цариград и прво се викаше Дијаманди. Во младоста живееше неморално, така и се потурчи. Тогаш доживеа горко покајание и замина на Света Гора, каде што како монах строго се подвизуваше дванаесет години во Лаврата на Св. Атанасиј. Но желен за мачеништво, заради очистување од гревовите, отиде во Цариград и почна да оди по џамиите, да се крсти и да вели дека Исус Христос е Господ и Бог. Беше заклан пред портата Фанара на 13 ноември 1681 година. Моштите му почиваат на Халка во манастирот на Света Троица.

    Тропар
    Оној од Кого ти се откажа, поита да ја прими главата твоја исповедничка, о Дамаскине свет преподобномачениче, а твоето покајание радост сотвори за ангелите, кои сега молитвите наши до твојот дом Небесен ги принесуваат и умилно нашата молба ја возгласуваат: моли се за нас, свет Дамаскине, пред Оној Кој списокот на гревовите може да го раскине.

    Популарно

    Брижит Бардо итно примена во болница

    25.11.2025 во 21:27

    Авиони не може да слетаат на скопскиот аеродром

    25.11.2025 во 20:29

    Падна чувар на шуми – Издавал лажни испратници за дрва од државна шума

    24.11.2025 во 13:09

    Макрон: Конечно има шанса за вистински напредок кон траен мир во Украина

    25.11.2025 во 21:05
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.