За еден ден во Мексико повеќе од 6.000 новозаразени со Ковид-19
Министерството за здравство на Мексико соопшти дека во изминатите 24 часа се регистрирани 6.094 новозаразени со коронавирусот и 539 смртни случаи.
Во Мексико вкупно се заразени повеќе од 295.000 луѓе, а речиси 35.000 починале.
Мексиканските власти соопштија дека бројот на заразени и мртви може да биде многу поголем од официјалните податоци.
12.07.2020 - 11:53
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа