УХМР соопшти каде наврна најмногу дожд
Утрово најниска температура во земјава од 2 степени Целзоусови е измерена на 2 Попова Шапка и во Лазарополе. Следат Маврови Анови со 4 степени, 6 во Крушево, 7 Претор, 8 Крива Паланка, Прилеп, Охрид, 9 Берово, Битола, Дебар, 10 Скопје-Петровец, Тетово, 11 Скопје-Зајчев Рид, Виница, Куманово, Демир Капија, Струмица, 12 Штип, Кавадарци, Велес и 13 степени во Гевгелија, соопшти УХМР.
Најмногу воден талог за изминатите 24 часа до 07 часот е наврнат во Виница 28 л/м2, потоа 27 л/м2 во Берово, 21 Куманово, 17 Крива Паланка, 13 Маврови Анови, 12 Лазарополе, 10 Демир Капија, 9 Штип, 7 Охрид, Велес, 6 Дебар, 5 Прилеп, Ѓуриште, Претор, 4 Гевгелија, 3 Скопје – Петровец, Тетово, Кавадарци, 2 Битола, Крушево, Тополчани, Попова Шапка и 1 л/м2 во Скопје – Зајчев Рид, Струмица и во Пожаране. Количините на врнежи, се наведува, се од дождомерните места на УХМР и локално количината на воден талог може да варира и да биде поголема од измерената.
Времето денеска променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи, особено во источните делови. Локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме со засилен ветер и услови за изолирана појава на град. Во западните делови ќе дува засилен ветер од западен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 14 до 22 степени.
Во Скопје променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме со засилен ветер и изолирана појава на град. Максималната температура ќе достигне 21 степен.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа