За еден ден починати 77 лица од коронавирусот во БиХ

 

Во последните 24 часа во БиХ биле обработени 5.651 тест, а 1.965 лица биле позитивни на коронавирус, што е најмногу од почетокот на пандемијата. Починале 77 лица, а 552 закрепнале.

За споредба, вчера беа пријавени 1.852 заразени со коронавирус од 5.359 тестирани, и 62 смртни случаи. Во изминатите 24 часа, 4.221 примерок беше пријавен во Институтот за јавно здравје на Федерацијата БиХ, од кои 1.358 беа позитивни за САРС-CoV-2.

Нови 49 смртни случаи биле пријавени во Институтот за јавно здравје на Федерацијата БиХ. Од денес, бројот на смртни случаи во Федерацијата БиХ е 3.417.

Тестовите на 1.290 лица во Република Српска покажаа дека има уште 521 заразен со корона, 25 лица ја загубија битката со инфекцијата. Од новозаразените имало 269 мажи и 252 жени, од кои 65 биле помлади, 297 средовечни и 159 постари.

Денес, во областа Брчко беа регистрирани 86 нови случаи на zaraza со коронавирус, а беа тестирани 140 примероци. Тројца мажи починале, а активни се вкупно 894 случаи.

Макфакс

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.03.2021 - 14:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега