Close Menu
Press24
    Најново

    Николовска: Владата овозможува вработување за уште 300 приватни специјализанти и зголемување на платите во здравството

    25.08.2026 во 12:49

    Починал на лице место – Тешка сообраќајна несреќа во Македонија

    24.08.2026 во 10:13

    Добри вести за возачите: Цените на нафтата продолжуваат да паѓаат

    25.08.2026 во 09:28
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Прва конститутивна седница на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ – нова програма и избор на претседателки на УЖ на Општинските комитети 
    • Трамп: Го следиме „секој квадратен сантиметар“ од Ормутскиот Теснец
    • Топлотен бран во Грција: Во Атика и навечер над 30 степени
    • Почина ѕвездата Доли Партон, на 80-годишна воздраст
    • 410 првачиња од Ѓорче Петров ќе добијат бесплатно ранче и училишен прибор
    • Витаминот е Б12 клучен за мажи над 50 години
    • OnlyFans има само 47 вработени – лани направиле над 700 милиони долари профит
    • Трамп не послушал: Го предупредиле дека војната со Иран ќе биде голем проблем
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » За 10 години имаме 9.000 првачиња помалку – годинава 3.000 помалку од лани

    За 10 години имаме 9.000 првачиња помалку – годинава 3.000 помалку од лани

    25.08.2026 во 14:521 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    За една деценија бројот на првачиња во Македонија е намален за речиси 9.000. Во 2016 година во прво одделение биле запишани 23.266 деца, додека за новата учебна година досега се запишани околу 14.500 првачиња. Од Министерството за образование и наука нагласуваат дека бројката сè уште не е конечна, бидејќи уписите продолжуваат до крајот на септември.

    Трендот на намалување трае со години. Лани во училиште тргнале 17.921 прваче, што значи дека само за една година бројот е намален за повеќе од 3.000 ученици. Како главни причини се посочуваат нискиот наталитет и иселувањето на младите семејства од земјата.

    Поради сè помалиот број ученици, годинава се очекува да бидат затворени 26 подрачни училишта во руралните средини во кои нема новозапишани првачиња или има само по неколку ученици. Министерката за образование Весна Јаневска информираше дека во основното образование веќе има околу 200 паралелки помалку, а во средното околу 100.

    Според Јаневска, целта е учениците од малите подрачни училишта да бидат префрлени во поголеми централни училишта каде што ќе имаат подобри услови за образование и социјализација. Комбинирани паралелки ќе останат таму каде што најблиското училиште е оддалечено повеќе од 15 до 20 километри.

    Прочитај повеќе

    Прва конститутивна седница на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ – нова програма и избор на претседателки на УЖ на Општинските комитети 

    25.08.2026 во 21:30

    410 првачиња од Ѓорче Петров ќе добијат бесплатно ранче и училишен прибор

    25.08.2026 во 20:38
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.