Вучиќ за корона пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на луѓето?

Претседателот на Србија Александар Вучиќ е шокиран од идејата на европските лидери за воведување ковид пасоши во Европа и го смета тоа за срамна и антиевропска одлука.

Според него, ковид пасошите ги газат највисоките европски вредности, а тоа се слободата на движење и изборот, пишува Курир.рс.

– За антиваксерите мислам сѐ најлошо, но кои сте вие некому да ограничите движење ако не сака или не може да прими вакцина – рече Вучиќ.

Тој смета дека ковид пасошите ќе ги натераат младите кои сакаат да патуваат побрзо да вакцинираат за сметка на тоа дека намерата е прво да се заштитат повозрасните граѓани.

– Јас сум единствен во претседателството кој нема антитела зашто уште не сум вакциниран. Да се вакцинирав порано секој ден за тоа ќе имаше во медиумите. Не е во прашање една вакцина туку принцип – вели Вучиќ, додавајќи дека ќе се вакцинира откако бројот на вакцинирани граѓани со две дози ќе надмине милион.

– Да беше по ЕУ не би имале ниту еден вакциниран. Ние сме на европскиот пат, а вие воведувате ковид пасоши за Западен Балкан. Колку вакцини ни додовте – нула од Коваксот – рече тој.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.02.2021 - 11:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега