Вучиќ: Во земјите од Западен Балкан намален е ентузијазмот за влез во ЕУ

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави денес на Бледскиот безбедносен форум дека за него политиката не значи ласкање на луѓето, туку донесување болни одлуки. Тој кажа дека Белград е посветен на европскиот пат, но дека ентузијазмот за влез во Европската унија е намален во земјите од Западен Балкан, поради што тие бараат други начини, механизми и средства за постигнување напредок, јави дописникот на МИА од Белград.

-Сите зборуваат за владеење на правото, зелена агенда, а кога ќе се дојде до Западен Балкан, кажуваат дека регионот културно припаѓа на ЕУ, и дека еден ден ќе стане членка … Една од тие средства е иницијатива Отворен Балкан, кажа Вучиќ.

Работиме со нашите соседи на приближување и градење мир и безбедност во регионот, оцени Вучиќ, истакнувајќи дека на ЕУ по Брегзит и треба проширување, но дека Унијата не гледа поголема слика.

-Северна Македонија го смени името и затоа и беше ветено почеток на пристапни преговори. Дали го добија тоа? Не. Утре, на Албанија ќе и биде кажано дека нема да и ги одделат нивните пристапни преговори од Северна Македонија, а подоцна Србија, за која се признава дека постигнала напредок во голем број области, ќе се соочи со забелешки од некои други. Не барам ничија помош, само ја кажувам вистината. Ние тоа го гледаме, објасни тој.

Затоа, според Вучиќ, земјите во регионот мора да бидат поблиску, да го зачуваат мирот и стабилноста, иако тоа не е секогаш лесно.

-Политиката е визија и исполнување на поставените цели, кажа Вучиќ на Бледскиот безбедносни форум, додавајќи дека задача на политичарите е да им служат на луѓето и на земјата. Луѓето треба да проценат како го правиме тоа, додаде тој.

01.09.2021 - 14:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа