Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска од Младеновац изрази сериозна загриженост поради, како што тврди, новоформираниот воен сојуз во регионот. Според него, соработката меѓу Албанија, Хрватска и Косово не е само техничка, туку претставува стратешка алијанса насочена против српските интереси.

Вучиќ потенцираше дека е особено симптоматично учеството на Приштина во овој сојуз, со оглед на тоа што таа не е членка на НАТО, за разлика од Тирана и Загреб.

„Ова е воен сојуз кој е создаден за одбрана или офанзивни дејствија против одредени територии. Имаме значајни разузнавачки информации за нивните планови и правци на дејствување“, нагласи Вучиќ.

Exit mobile version