Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, кој вечерва беше реизбран за член на Извршниот комитет на партијата, порача дека новиот состав е подготвен за „деноноќна работа“ за подобрување на животот во Македонија. Тој му се заблагодари на претседателот Христијан Мицкоски за довербата, потенцирајќи го нивното долгогодишно пријателство и соработка.
„За ВМРО-ДПМНЕ што победува и ја менува Македонија! Ова е нов состав на Извршниот комитет кој ќе ги донесе победите на следните парламентарни, претседателски и локални избори“, истакна Николоски во својата објава.

