Нов безбедносен инцидент со беспилотно летало ја вознемири јавноста во Полска. Комерцијален дрон се урна денес во воена база во градот Лоѓ, откако претходно се заплетка во дрво. Воената полиција веднаш реагираше и го идентификуваше операторот – 22-годишен полски државјанин кој е веднаш приведен.
Иако не е предизвикана материјална штета, приведениот се соочува со сериозни обвиненија за кршење на воздухопловните прописи. Според полските закони, управувањето со дронови во близина на воени објекти е строго забрането и за ова дело е предвидена затворска казна до пет години. Истрагата треба да утврди дали станува збор за невнимание или намерна провокација.

