Министерот за внатрешни работи и висок функционер на ВМРО-ДПМНЕ, Панче Тошковски, упати јавна честитка до новоизбраното раководство на партијата. Тој изрази уверување дека новиот состав на Извршниот комитет, предводен од новиот генерален секретар Драган Ковачки, ќе донесе дополнителна стабилност и ефикасност во партиската работа.

Тошковски нагласи дека партијата останува на патот на одговорноста и посветеноста кон интересите на граѓаните.

„Убеден сум дека со овој состав партијата дополнително ќе ја зајакне својата организациска структура и ќе одговори на предизвиците што стојат пред нас. Продолжуваме посветено, одговорно и обединето“, порача Тошковски.

Exit mobile version