Вучиќ: Никој друг нема да ја толкува нашата историја – учебниците по историја и географија ќе ги пишува само државата Србија

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска најави на почетокот на следната недела ќе поднесе иницијатива само државата да може да ги составува учебниците по српски јазик, историја и географија.

-Српската историја и географија ќе ја пишува само државата Србија, изјави Вучиќ, пренесуваат медиумите.

Тој посочи дека знае „дека поради оваа иницијатива ќе има напади од тајкуни и некои амбасадори, кои ќе тврдат дека ја нарушува слободата на пазарот“.

Им порачал на истите дека може да се жалат во ОН, ЕУ, но дека тоа нема да се промени.

-Никој друг нема да ја толкува нашата историја. На ним и нивните мајки нека им одзема дете, па да кажат дали е добро тоа, порача српскиот претседател.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.02.2021 - 12:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа