Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Вучиќ демантира понуда од Мимовиќ за НИС: Преговорите со унгарски МОЛ влегуваат во финална фаза

    Вучиќ демантира понуда од Мимовиќ за НИС: Преговорите со унгарски МОЛ влегуваат во финална фаза

    07.05.2026 во 23:031 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска остро ги демантираше наводите на контроверзниот бизнисмен Ранко Мимовиќ дека до неговиот кабинет била доставена официјална понуда за преземање на рускиот капитал во Нафтената индустрија на Србија (НИС). Коментирајќи ги пишувањата на „Ројтерс“, Вучиќ истакна дека државата нема намера да дозволи стратешки ресурси да паднат во несигурни раце.

    „Тоа е таква игра која нема да помине кај нас. Слушајте, нашол некој две милијарди, па српска фирма ќе купувала НИС. Сериозни сте? Е, не можеш да купиш. Не дава Србија! Или ќе дојде некој што знае како се управува со такви претпријатија на сериозен и одговорен начин, или довидување на сите“, изјави Вучиќ.

    Претседателот откри дека во моментов се водат сериозни разговори со унгарската енергетска компанија МОЛ. Тој потсети дека рокот даден од американската Канцеларија за контрола на странски средства (ОФАК) за завршување на преговорите за купување на рускиот капитал во НИС истекува на 22 мај.

    Според Вучиќ, во преговорите со унгарската страна постојат „четири или пет спорни точки“, но тој изрази оптимизам дека ќе се постигне компромис меѓу Србија, Унгарија и Русија. Крајното решение за сопственоста на НИС се очекува да биде објавено во текот на следната недела.


    Прочитај повеќе

    Вучиќ: Грижете се во чии раце ќе биде иднината на Србија

    18.09.2026 во 23:59

    Маж очекувал девојка, а се појавил маскиран напаѓач – Брутален обид за убиство во Белград

    18.09.2026 во 23:49
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.