На маргините на Меѓународниот самит за правда во Истанбул, министерот за правда Јетон Шасивари оствари билатерална средба со заменик-министерот за правда на Босна и Херцеговина, Елвир Махмузиќ.
На средбата се разговараше за реформските процеси во правосудството, заедничките предизвици со кои се соочуваат земјите од регионот, како и за можностите за продлабочување на билатералната соработка.
Соговорниците ја истакнаа важноста на меѓусебното учење и размената на искуства како значаен придонес кон зајакнувањето на институционалните капацитети и усогласувањето со европските стандарди во областа на правдата.

