Во Берово и Попова Шапка изутринава измерена е температура од -1 степен Целзиусов, 0 во Крива Паланка, 1 во Маврови Анови, 2 во Лазарополе и Крушево, 4 во Виница, 5 во Битола и Претор, 6 во Прилеп и Кавадарци, 7 во Скопје-Зајчев Рид, Струмица, Велес, Штип и Охрид, 8 во Скопје-Петровец, Тетово и Куманово, 9 во Демир Капија и Гевгелија, информира Управата за хидрометеоролошки работи.
На Попова Шапка има снежна покривка од 66 сантиметри, а во изминатите 24 часа таму наврнале 4 литри дожд. Во Маврови Анови наврнале 3 литри, во Пожаране 2 литри, а во Скопје-Зајчев Рид, Струмица и Берово по 1 литар дожд.
УХМР најави променливо облачно време за денеска, претпладне со слаб локален дожд, а попладне облачноста постепено ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе се движи од 11 до 16 степени.
Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време. Претпладне во делови од котлината ќе има услови за слаб дожд, а попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисток, а максималната температура ќе достигне до 15 степени.


