Најниската температура изутринава е измерена во Берово, минус 4 степени, а највисоката во Скопје – Зајчев Рид, 4 степени.
Според информациите на Управата за хидрометеоролошки работи, во Берово се измерени минус 4 степени, во Маврови Анови минус 2, минус еден степен на Попова Шапка, Крива Паланка и Лазарополе, нула во Битола, Тетово и Крушево, еден степен во Струмица, Скопје-Петровец, Прилеп, Пожаране, Велес и Претор, два степена во Куманово, Охрид, Ѓуриште, Кавадарци и Гевгелија, три во Виница, Штип, Тополчани и Демир Капија и четири во Скопје-Зајчев Рид. Висината на снежната покривка на Попова Шапка изнесува 51 сантиметар.
Претпладне времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец, а попладне облачноста ќе се зголеми со сончеви периоди. На некои места ќе има услови за локален слаб дожд. Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 19 степени. Во Скопје, претпладне сончево со умерена облачност, а попладне облачноста ќе се зголеми. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а максималната температура ќе достигне до 17 степени.

