Времето денеска претежно облачно време со повремени локални врнежи од дожд, соопштува Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Најинтензивни врнежи ќе има претпладне, особено во јужните и југозападните региони, каде што за 24 часа може да наврнат над 30 литри дожд на квадратен метар. Во текот на денот ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Утринските температури ќе се движат меѓу 7 и 11 степени, додека дневните ќе достигнат од 10 до 17 Целзиусови степени.

Во Скопје денеска со повремени послаби врнежи од дожд. Ќе дува умерен југоисточен ветер, а температурите во главниот град ќе се движат од 9 степени во утринските часови до околу 14 степени преку ден.

Според прогнозата на УХМР, во следните неколку денови ќе продолжи променливо облачно време со повремени врнежи од дожд.

Exit mobile version