Најниската температура утрово беше измерена во Лазарополе со -4 °C, додека во Попова Шапка и Берово температурата се спушти до -3 °C. Во Маврови Анови и Битола утринската температура изнесуваше -2 °C, а во Скопје-Петровец, Струмица, Крива Паланка, Прилеп, Штип, Тетово и Претор се измери -1 °C. Во Охрид, Демир Капија, Велес, Куманово и Крушево беа 0 °C, во Кавадарци 1 °C, а во Скопје-Зајчев Рид и Виница 2 °C. Највисоката утринска температура од 4 °C беше измерена во Гевгелија.
Според податоците на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во последните 24 часа најмногу дожд наврна во Скопје-Петровец – 5 л/м², додека во Велес беа 4 л/м². Во Тетово, Прилеп, Тополчани, Попова Шапка и Ѓуриште се измерија 3 л/м², а во Скопје-Зајчев Рид, Крива Паланка, Битола, Кавадарци, Демир Капија, Берово, Крушево и Маврови Анови по 2 л/м². По 1 л/м² дожд падна во Охрид, Претор, Виница, Лазарополе и Пожаране. На Попова Шапка снежната покривка достигна 71 см.
Денеска времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, а максималната температура ќе се движи помеѓу 13 и 19 °C.
Во Скопје се очекува сончево време со мала облачност, слаб до умерен северен ветер и максимална температура до 17 °C.


