Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во утринските часови, на одредени места ќе има појава на магла и зголемена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

КатегоријаИнтервал
Минимална-4 до 3
Максимална10 до 15

Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево и претежно тивко со мала до умерена облачност.

  • Минимална температура: -2 степени
  • Максимална температура: 11 степени

Во текот на следната седмица ќе се задржи сончево и претежно тивко време со мала до умерена локална облачност.

  • Во ноќните и претпладневните часови, по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла и зголемена облачност.
  • Дневната температура ќе биде над просекот за овој период од годината.
Exit mobile version