Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, но со значајна разлика меѓу студеното утро и релативно топлото попладне.

Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 13 до 19 степени Целзиусови.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Во Скопје, како и во другите одделни котлини, во претпладневните часови ќе има услови за појава на магла.

Минималната температура во главниот град ќе се спушти до 2°C, а максималната ќе достигне 16°C.

Според најавите од УХМР, продолжува период на стабилно и суво време. И покрај топлите денови, утрата ќе останат постудени. Во текот на денот ќе преовладува сончево со мала до умерена облачност, а услови за магла во котлините ќе има и во наредните денови.

Exit mobile version