Македонија денеска е под влијание на променлива облачност која носи локални врнежи од дожд, додека на планините и повисоките места ќе има услови за снег. Во Скопје се очекува облачно време со повремен слаб дожд и максимална температура до 10 степени.
Утринските температури во земјава се движат меѓу 3 и 8 степени, а дневните ќе достигнат максимум до 13 степени.
„Вистинската промена доаѓа во недела, кога се очекуваат пообилни врнежи кои ќе почнат да преминуваат во снег и во некои од пониските места“, најавуваат метеоролозите.

