Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Криминал во радовишко: Наместо бука, во училиштата носеле „дива круша“ и гранки – украле над 600.000 денари

    Криминал во радовишко: Наместо бука, во училиштата носеле „дива круша“ и гранки – украле над 600.000 денари

    05.03.2026 во 13:592 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    СВР Струмица-ОВР Радовиш, до Основното јавно обвинителство Радовиш, поднесе кривична пријава против С.К.(43) од село Дедино, општина Конче, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривични дела „злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно – приватно партнерство“, „злоупотреба на службената положба и овластување“, „посебни случаи на фалсификување исправи“, „употреба на исправа со невистинита содржина“ и „вршење на јавен превоз без поседување на лиценца“ и против правен субјект од Радовиш поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно – приватно партнерство“, „посебни случаи на фалсификување исправи“ и „употреба на исправа со невистинита содржина.

    С.К. и правното лице, чиј управител е, по претходно распишан оглас за јавна набавка од општина Радовиш и донесената одлука дека е најповолен понудувач за набавка на огревно дрво бука за потребите на основните училишта во општина Радовиш, свесно со неизвршување на обврските од договорот ги повредиле правилата на постапката со тоа што во подрачните училишта во с.Калаузлија, с.Коџалија, с.Ињево, с.Сулдурци и с.Покрајчево наместо огревно дрво бука со опсег на дијаметар 7-16 цм испорачале огревно дрво топола, дива круша, црница, евла и бука со дијаметар од 3-7 цм. На овој начин се стекнале со противправна имотна корист од 628.224 денари.

    Исто така, испорачаното огревно дрво не било жигосано со жиг за жигосување на дрвни сортименти и немало испратница за превоз на дрвни сортименти за топола, дива круша, црница, евла и друго, што укажува на фактот дека е незаконски стекната. Пријавените изготвиле фиктивни испратници за основните училишта со тоа што во делот на вид на дрво и вид на сортимент на дрво внеле невистинити податоци во однос на видот на дрво и видот на дрвниот сортимент, додека во рубриката „одговорно лице“, С.К. се потпишал и покрај тоа што не бил овластен да ги потпише. Што се однесува пак до превозот на дрвата, С.К. го вршел со товарно возило на правното лице без да поседува лиценца за вршење на јавен превоз.

    Прочитај повеќе

    11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола

    19.09.2026 во 14:53

    20-годишник прегази пешак кај Мирковци

    19.09.2026 во 13:19
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.