Денешниот ден ќе започне со претежно облачно време, додека во вечерните часови и во текот на ноќта се очекува зголемување на облачноста што ќе донесе врнежи во целата земја. Врнежите ќе започнат во западните делови, а потоа ќе се прошират насекаде. На повисоките планини ќе паѓа слаб снег.

Во текот на денот ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се движи од -2 до 2 степени, додека максималната ќе достигне до 12 степени.

Во Скопје времето ќе биде облачно, а попладне се очекуваат повремени врнежи од дожд. Температурата во главниот град ќе се движи од 0 до 8 степени.

Што се однесува до наредните денови, нови локални врнежи од дожд и снег на планините се најавени за утре доцна попладне и во четврток. Петок и недела ќе поминат со претежно облачно време и услови за слаби локални врнежи, додека во сабота и понеделник се очекува променлива облачност.

Exit mobile version