ОВР Гевгелија поднесе кривична пријава против Б.Ш.(40) од Богданци поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „помагање“ во врска со „фалсификување исправа“, против Д.Л.(33) од Скопје за „злоупотреба на лични податоци“ и „фалсификување исправа“ и против Б.З.(45) од Скопје за „фалсификување исправа“.
Во септември 2025 година, првопријавениот без согласност на неговата мајка и уште едно лице ги искористил нивните лични податоци од лична карта и патна исправа и му ги предал на второпријавениот, кој без согласност, ги искористил нивните лични податоци во постапка за кандидирање на членови на Советот на општина Богданци пред општинска изборна комисија Богданци, а го фалсификувал и потписот на лицата.
Така направените лажни јавни исправи, од третопријавениот Б.З. од Скопје на 13.09.2025 во Богданци биле предадени на членови на општинска изборна комисија Богданци, а со цел поднесување на листа за кандидати за членови на советот на општина Богданци.
- Муслиманските верници го слават Рамазан Бајрам: „Да бидеме луѓе на мирот и правдата“
- Променливо облачно со сончеви периоди и засилен северен ветер
- Официјално започнува пролетта: Денот сè подолг, времето променливо облачно
- Финска девет години последователно најсреќна држава во светот
- Мисајловски: Секоја членка на НАТО мора сè повеќе и повеќе да вложува во модернизација одбраната
- Каранфилова Пановска: Власта сака да ја разнебити СДСМ за да направи дефокус од реалните проблеми
- Мисајловски за војната во Иран: Безбедносната ситуација кај нас е стабилна
- За акцијата стигна потврда и од МВР: Се апси за коруптивни дела


