Вчера во 16:30 часот на Граничниот премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода Ј.К.(43) од Германија, поради тоа што при извршен преглед, во координација со ФРОНТЕКС, на патничко возило– комбе „рено“ со германски национални ознаки, управувано од Ј.К., во возилото биле пронајдени и одземени кафеава грутчеста материја и марихуана.

Тој бил предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

Exit mobile version