Поддршката за членство на Северна Македонија во Европската Унија бележи значителен раст од 10 проценти за само една година – од 61% на 71%, покажаа најновите истражувања презентирани во Собранието. Евроамбасадорот Михаил Рокас упати силна порака дека „вратата на ЕУ е ширум отворена“, но нагласи дека сега е клучниот момент за внатрешно обединување на сите општествени чинители.

Најголем оптимизам и поддршка за евроинтеграциите доаѓа токму од младата популација.

Етничките и политичките разлики во однос на ЕУ се стеснуваат – мнозинството граѓани, без оглед на припадноста, ја гледаат иднината во Унијата.

Граѓаните бараат итни реформи во судството, борба против корупцијата и заштита на животната средина.

Според Рокас, доколку се случи внатрешно обединување меѓу Владата, опозицијата и бизнис секторот, сите надворешни пречки ќе станат лесно премостливи.

Exit mobile version