ОВР Гевгелија поднесе кривична пријава против С.Б.(36) од Струмица, поранешна вработена во еден мобилен оператор, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „проневера во службата“.
Пријавената, во периодот од март до септември 2024 година, во својство на бизнис агент свесно и со умисла присвоила осум мобилни уреди кои што и биле доверени во службата, на тој начин што на менаџерот од Гевгелија му прикажувала факти дека ќе склучи бизнис договори со пет правни лица од Гевгелија и Дојран и ќе им ги додели мобилните уреди во вид на субвенциона форма за направените активации и обнови.
Додека, на месечните пописи кои биле правени во продажниот салон во Гевгелија свесно било прикриено дека фали трговска стока, со што пријавената причинила имотна штета на оштетеното правно лице во износ од околу 600.000 денари.
Актуелно
- Филипче: Власта ја изолира државата со антиевропски манири и сомнителен капитал
- Дури 71% од Македонците се „за“ влез во Унијата, Рокас бара внатрешно обединување
- Тошковски и Кочиу договорија: „One Stop“ систем со Албанија пред почетокот на летото
- Филмска кражба во Штип: Жена со тешки повреди заврши во болница
- УХМР со најнова прогноза – до крајот на неделата дожд и снег
- Хорор во пехчевско: Млад „дивокрадец“ се заканувал на полицајци и се обидел да ги запали дрвата за да ги сокрие доказите
- Сообраќајка кај преминот Блаце: Косовско возило удри во паркиран автомобил, повреден младиот кумановец
- Жена се бори за живот по удар од возило во Гостивар

