Кандидатот за градоначалник на општина Гостивар Себаеден Даути и носителот на листа Башким Хасани од коалицијата ВРЕДИ на прес-конфренција во партискиот штаб на ВРЕДИ испратија пораки „за водење достоинствена и мирна кампања и да се престане со притисоци врз вработените во државните институции“.

Себаедин Даути, кандидат за градоначалник, се заблагодари на поддршката која, како што рече, ја добива од граѓаните низ средбите кои ги остварил изминативе денови и упати апел за достоинствена кампања. 

– Во овој важен момент за нашиот град, сакам да упатам апел до сите граѓани, но и до секој политички субјект, оваа кампања да се одвива достоинствено и мирно, онака како што сите ги познаваат гостиварци – како луѓе гостопримливи, разумни и спокојни, рече Даути во обраќањето.

Тој посочи дека политичката трка треба да се гледа како можност за претставување идеи и проекти за иднината на Гостивар, а не како причина за поделби или тензии.

Leave A Reply

Exit mobile version