Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе снема вода во 9 часот – Водовод најави исклучувања

    22.10.2026 во 08:22

    Се расправале за имот, па извадил пиштол и пукал во него – поранешен фудбалер обвинет за убиство на сопствениот брат

    22.10.2026 во 11:06

    Скопјанец преживеал хорор кај Градски Парк

    22.10.2026 во 08:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Сали – Боланд: Поддршка од ЕЕСК за членството во ЕУ и вклученоста на граѓанскиот сектор
    • Усвоен кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Карпош за 2026 година
    • Трамп: Иран пред изборите за Конгресот ја зголемува цената на нафтата
    • Олеснета постапка за визи за Саудиска Арабија за македонските државјани
    • Историски успех за македонскиот хип-хоп: Нина Талеска е светски вицешампион
    • Ослободителна пресуда за Борче Ангелов и Илија Спасески за нападот врз Христијан Пендиков
    • Вучиќ: Не можам да ги соопштам имињата на 49-те помилувани лица, тоа е работа на надлежните органи
    • Азизи: Довербата во Обвинителството не треба да ја бараме, туку да ја заслужиме 
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВРЕДИ: По две децении одложување, правичната застапеност конечно станува закон

    ВРЕДИ: По две децении одложување, правичната застапеност конечно станува закон

    06.06.2026 во 14:132 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Се наоѓаме пред историски момент. По повеќе од две децении одложување, правичната и соодветна застапеност конечно станува закон. Нема повеќе зборови што ги носи ветерот, нема повеќе ветувања само за да поминат изборите. Сега има закон. Правичната и соодветна застапеност е уставен принцип што произлегува од Охридскиот рамковен договор, конкретно од неговата точка 4.2. Затоа, ова не е обичен закон, туку исориски важен чекор во спроведувањето и унапредувањето на Охридскиот договор, стои во соопштението на ВРЕДИ.

    „Овој закон требаше да биде донесен уште пред повеќе од две децении. Но, тоа не се случи. Тие што денес најмногу креваат врева, го имаа и мандатот од Албанците и власта за да го донесат. На секои избори ветуваа, во секој мандат се правдаа. Имаа сè, освен политичка волја.

    Ако навистина Охридскиот договор бил целосно реализиран, тогаш каде беше Законот за правична и соодветна застапеност, еден од неговите клучни столбови?

    Почитувани, Охридскиот договор не се унапредува со свечени говори и убаво спакувани изјави пред камери. Тој се унапредува кога неговите принципи се претвораат во закон, во јасни правила и во институционална обврска.
    Токму тоа го прави ВЛЕН.

    Со овој закон, правичната и соодветна застапеност станува законска обврска за сите институции. Нема повеќе импровизации, нема повеќе крпеници, нема повеќе „како кому ќе му текне“. Наместо тоа, ќе има закон, методологија, податоци и институционална одговорност. 25 години не мрднаа со прст за да се донесе овој закон. ВЛЕН го прави тоа за 25 месеци.

    За Албанците повеќе вреди закон што ги штити, отколку функција за слики и политичко фалење“, стои во соопштението од ВЛЕН.

    Прочитај повеќе

    Мицкоски: Очекувам наскоро да биде валоризиран напредокот во Реформската агенда и да почнеме преговори со ЕУ

    22.10.2026 во 19:05

    Стојаноски: Со вториот ребаланс на Буџетот социјалните трансфери се зголемуваат и достигнуваат 212 милијарди денари

    22.10.2026 во 18:37
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.