Од ВРЕДИ соопштија дека, како што наведуваат, серијалот на министри за правда од ДУИ не завршува со Блерим Беџети, Аднан Јашари и Валдет Џафери, туку продолжува со Билен Салији, кој исто така бил кадар на партијата.
Во соопштението се додава дека Салији го раководел Министерството за правда, но, според ВРЕДИ, испитот по правосудство на албански јазик „го оставил таму каде што го затекнал“.
Билен Салији не се памети по некоја реформа од која некој виде аир. Не се памети по некоја добиена битка за граѓаните, а уште помалку за албанските студенти. Неговото име се памети по наводната „оставка“ по случајот со малиот Алмир, кога Бобан Илиќ им ја разоткри немоќта на овие лажни патриоти.
Таа оставка ДУИ сакаше да ја продаде како морален чин. Но нивниот морал трае колку снег во јули. Салији си замина од Правда, но не и од удобноста. Излезе од една државна врата и влезе низ друга, во МЕПСО.
Тоа е школата на ДУИ. Кога имаа одговорност, ги немаше. Кога имаа функции, беа први во редот. Кога Албанците имаа мака, молчеа. Кога требаше да се најде фотелја за своите, летаа како ракета.
Затоа Билен Салији треба да каже зошто, додека беше министер за правда, правосудниот испит го остави нерешен. Зошто не ја помрдна оваа работа ниту за еден милиметар?
Албанците повеќе немаат потреба од лажен морал. Имаат потреба од решенија, а решението за студентите доаѓа со ВРЕДИ.


