Најмалку две лица се повредени во експлозија што избувна денес во фабрика за огномет во Малта. Според информациите на „Малта Тудеј“, двајца мажи на возраст од 67 и 47 години, двајцата жители на заливот Сент Полс, по инцидентот се пренесени во болница со полесни повреди и претрпен шок.
Експлозијата се случила во раните утрински часови, околу 6:30 часот по локално време.
Силата на детонацијата ги потресла блиските згради, при што локалните жители пријавиле скршени прозорци, а очевидци тврдат дека силниот звук се слушнал и на поголема оддалеченост. Во моментот на експлозијата, повредените мажи се наоѓале на полиња во близина на фабриката.
Локалната полиција излезе со потврда дека ниту еден од лиценцираните работници на фабриката не бил на лице место кога се случила несреќата.
На терен веднаш пристигнале екипи на полицијата, Одделот за цивилна заштита, вооружените сили на Малта и медицински персонал со цел да ја обезбедат областа. Надлежните упатија апел до јавноста да го избегнува овој дел од градот.
По повод инцидентот се огласи и малтешкиот премиер Роберт Абела, кој истакна дека неговите мисли се со оние кои се погодени од инцидентот. Тој додаде дека службеници и владини претставници веднаш биле испратени на местото на настанот за да помогнат.
Реакција пристигна и од Брисел. Претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола, која потекнува од Малта, изјави дека е шокирана од експлозијата која „ја шокираше нејзината земја“.
Таа им оддаде посебна почит на Цивилната заштита и на сите оние кои беа на терен „во овие тешки околности“.
No it’s not wartime in Malta but a fireworks factory explosion. I’m told the blast was heard all over the island. There must be casualties. pic.twitter.com/nkPU0mZTwZ
— Philip Micallef (@MicallefPhilip) June 1, 2026


