УХМР издаде предупредување за попладнево, за пороен дожд и грмежи.
Времето ќе биде претежно сончево со мала до умерена облачност. Во попладневните часови на поединечни места ќе има услови за нестабилно време проследено со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец.
Во Скопје се очекува сончево време со мала до умерена облачност. Попладне во одделни делови од котлината се можни краткотрајни врнежи од дожд проследени со грмежи. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Минималната температура ќе изнесува околу 12 степени, а максималната ќе достигне до 32 степени.
До крајот на работната седмица времето претпладне ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во попладневните часови локално ќе има појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во четврток се очекуваат поизразени нестабилности со пообилни врнежи, силен ветер, грмежи и можност за појава на град.


