СВР Тетово поднесе кривична пријава против Б.Б.И.(31) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „затајување“.
Пријавената, како вработена во филијала на една банка во Тетово, на 03.11.2025 во службени простории на банката од 59-годишник од Тетово примила 39.000 евра кои сакал да ги стави како депозит на неговата сметка во банката, но пријавената наместо да ги уплати во рок од три дена како што кажала на сметката на оштетениот, таа противправно ги присвоила.
На 18.11.2025, оштетениот повторно отишол во банката и по средба со овластено лице на филијалата истиот ден му биле вратени дел од парите. Додека, за остатокот од парите, овластено лице го упатило кај управител на правно лице, кој исто му вратил дел од парите, но не му биле вратени во целост паричните средства во износ од 39.000 евра.
- Вработена во тетовска банка „лапнала“ 39.000 евра од клиент – наместо на сметка, парите завршиле во нејзиниот џеб
- Инцидент во Кавадарци: Полицајци пукале во воздух за да совладаат агресивен сограѓанин
- Мицкоски најави реконструкција на Владата во мај – некој министер ќе замине или ќе премине во друг ресор
- Нови правила за горивата: РКЕ воведува вонредни седници – цените на пумпите ќе се менуваат веднаш штом државата ќе пресече со даноците
- Мицкоски: Со владината мерка граѓаните штедат 200.000 евра дневно – Македонија со најевтино гориво во регионот
- Ѓорѓиевски по повод Светскиот ден на лицата со Даунов синдром порача– Различноста не нè дели, туку нè обединува
- Клековски откри алармантни податоци: Секое петто боледување во МВР е лажно
- Муцунски на средби со ЕУ-претставници во Брисел

