Вознемирувачко видео од групна тепачка на ученици во дворот на централното основно училиште „Дитурија“ во скопското село Сарај се шири на социјалните мрежи.

Снимката прикажува како неколку ученици физички се пресметуваат, разменувајќи боксови и клоци. Особено загрижувачки е фактот што дел од присутните деца околу нив не преземаат ништо за да го спречат насилството, туку само гледаат и снимаат со своите мобилни телефони.

Во моментот не е познато:

  • Кога точно е снимено видеото.
  • Дали училиштето или надлежните институции веќе презеле мерки по инцидентот.

    Видеото може да го погледнете на следниот ЛИНК.
Exit mobile version