Намалена видливост поради појава на магла од 50 до 150 метри има на патните правци Дебар – Струга, Куманово – Крива Паланка и Велес – Катланово, информира ЈП Македонијапат.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. На одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури можна е појава на поситни одрони.
ЈП Македонијапат апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

