Основниот пакет нацрт-документи како дел од мировниот план за завршување на војната во Украина е подготвен, изјави денес претседателот на Украина Володимир Зеленски, наведувајќи дека се подготвени вкупно 20 точки од мировниот план, како и дека се завршени нацрт-документите за безбедносни гаранции меѓу Украина и партнерските земји и нацрт-документот за обнова на земјата.
„Според мене, сè што требаше да се направи за првите нацрти е веќе направено. Постои план од 20 точки. Не е сè совршено, но планот постои“, рече Зеленски, пренесува Укринформ.
Украинскиот претседател додаде дека се подготвени рамковни документи за безбедносни гаранции меѓу Украина, Европската Унија и Соединетите Американски Држави, како и посебен билатерален документ за безбедносни гаранции меѓу Киев и Вашингтон, кој треба да го разгледа Конгресот на САД, вклучувајќи детали и доверливи анекси.
Актуелно
- Нејмар успешно опериран
- ЕУ ги продолжи санкциите кон Русија за уште шест месеци
- Ахмети: Јас ја уништив Југославија
- Експлодираше фабрика во Франција: Тројца повредени
- Утре се празнува Преподобна Ангелина – заштитничка на семејството, мајките и жените
- Хорор во Холандија: Автомобил се заби во толпа луѓе на божиќната парада
- Муцунски: Нема и нема да има договор со ОК за прием на мигранти или одбиени баратели на азил
- Муцунски за повлекувањето на Мицкоски во 2029: Потег за почит

