„Нема никој во Македонија кој знае подобро од мене како да прави национализам. Јас ја уништив Југославија и 20 години го спроведував проектот 1981 – 2001. Но, слушнете го мојот говор на Конгресот, никогаш не сум се занимавал со ВМРО, СДСМ или ВЛЕН. Она што го имав за вазалите, им го кажав од 2002 до 2025 година. Тие не нудат одржливо решение“, кажа лидерот на ДУИ, Али Ахмети на денешниот брифинг со новинарите.
Според него, планот А останува развој и напредок на државата, додека изрази надеж дека нема да се префрли на план Б.
„Ако излезам на улица, никогаш нема да се вратам дома. Јас не сум претставник на мачки, туку на лавови“, додаде Ахмети.

