Одлуката на премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски да се повлече од челната позиција во партијата по неговиот трет мандат е потег за почит, вели министерот за надворешни работи и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски, во интервју за „360 степени“ на МРТ 1.

-Често мислев дека на крајот, претседателот Мицкоски сепак ќе донесе поинаква одлука, бидејќи логично е да не кажете дека заминувате по четири години и да продолжите, земајќи ја предвид популарноста на ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија, но и изборните успеси коишто ги имаше, вели министерот за надворешни работи и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ за одлуката на премиерот и лидер на партијата да не се согласи со менување на Статутот.

Нагласи дека тој максимално ја почитува оваа одука и сметам дека и целокупната јавност треба добро да го цени тоа што тој го прави за државата.

-Но, со него сум дискутирал често на оваа тема. Многу обемни дискусии сме имале по ова прашање. И ги разбирам неговите причини. Можеби не во целост се согласувам, но ги разбирам. Максимално ги почитувам и сметам дека и целокупната јавност треба добро да го цени тоа што тој го прави за државата и специфичната одлука којашто одлучи да ја донесе – одлука којашто нашата држава не ја памти, одлука којашто не само во европски, туку и во светски рамки ретко ја гледате, вели Муцунски

Exit mobile version