Close Menu
Press24
    Најново

    Возач на камион уапсен по страшната сообраќајна несреќа во Бугарија: 86 возила вклучени во несреќа

    11.11.2026 во 22:45

    Пукање во Скопје

    11.11.2026 во 22:36

    Штип: Краделе дрва, па се обиделе да избегаат од полицијата – малолетник заврши со тешки повреди

    11.11.2026 во 22:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Возач на камион уапсен по страшната сообраќајна несреќа во Бугарија: 86 возила вклучени во несреќа
    • Пукање во Скопје
    • Штип: Краделе дрва, па се обиделе да избегаат од полицијата – малолетник заврши со тешки повреди
    • Апсења во Скопје
    • Одекнуваат истрели во Будва: На терен полициски екипи
    • Ужас на базен во Грција: Голем број 6-годишни деца завршија во болница, градинка итно евакуирана
    • 22-годишен фудбалер почина за време на тренинг
    • Каранфилова-Пановска: Мицкоски изнесе брутална лага на надзорната расправа за да избегне политичка одговорност
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Возач на камион уапсен по страшната сообраќајна несреќа во Бугарија: 86 возила вклучени во несреќа

    Возач на камион уапсен по страшната сообраќајна несреќа во Бугарија: 86 возила вклучени во несреќа

    11.11.2026 во 22:452 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Романски државјанин, кој управувал камион вклучен во сериозната сообраќајна несреќа на автопатот Тракија во Бугарија, е уапсен, соопшти полицијата во Јамбол.

    Во несреќата што се случи на 10 ноември загинаа 11 лица, а десетици други беа повредени.

    Осомничениот возач веќе е испрашуван, а властите најавуваат дополнителни истраги за да се утврдат сите околности на трагедијата.

    Според досегашните информации, сè уште не е познато дали камионот застанал на патот, се движел со намалена брзина или изведувал одреден маневар непосредно пред несреќата.

    Камионот прво бил удрен од автобус со патници, по што следеле низа судири во кои учествувале бројни возила.

    Несреќата се случила на приближно 289-ти километар од автопатот Тракија, помеѓу клучките Зимница и Кабиле, во правец на Бургас.

    Според официјалните податоци, во верижните судири учествувале вкупно 86 возила, од кои 63 биле во правец на Бургас и 23 во правец на Софија. 11 лица го загубија животот, додека повредените се пренесени во болниците во Јамбол, Сливен и Бургас.

    Екстремно густата магла се наведува како една од можните причини за несреќата, а очевидци тврдат дека видливоста на некои места паднала на само десет метри.

    Истрагата ја спроведува Националната истражна служба под надзор на Окружното обвинителство Јамбол, а точната причина и евентуалната одговорност ќе се утврдат по дополнителните вештачења.

    Прочитај повеќе

    Одекнуваат истрели во Будва: На терен полициски екипи

    11.11.2026 во 21:58

    Ужас на базен во Грција: Голем број 6-годишни деца завршија во болница, градинка итно евакуирана

    11.11.2026 во 21:49
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.