Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) издаде предупредување за денеска и претстојниот викенд, најавувајќи дека наместа врнежите од дожд ќе бидат пообилни, со можност за над 40 l/m² за 24 часа, особено во текот на ноќта.
Под влијание на циклонска активност, локално се очекуваат и услови за невреме, проследено со силен ветер, чија брзина може да надмине 60 km/h, како и појава на ретки грмежи. Во текот на денот ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.
Променливо облачното време со повремени локални врнежи од дожд ќе продолжи и во наредните денови. Утре попладне и во четврток се очекува послаб интензитет на врнежите.
Во петок и за време на викендот, УХМР најавува нов бран на пообилни врнежи (над 30 l/m² за 24 часа), локално во форма на невреме со засилен ветер.
Од недела се очекува значително опаѓање на утринските и дневните температури.
За Скопје е најавен период на променливо облачно време со повремени врнежи, кои во делови од котлината ќе бидат пообилни. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец.

