Вонредни контроли во старски домови - 14 од нив воопшто не биле регистрирани во АХВ

 


Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) од 29 до 31 октомври, спроведоа вонредни инспекциски надзори во 41 домови за стари лица во земјава. Со контролите утврдено е дека од нив, 14 не биле воопшто регистрирани како оператори со храна во АХВ, соопшти АХВ.

„Издадени се 16 решенија со наредби за отстранување на утврдени недоследности од кои кај 4 оператори за незадоволителни хигиенски барања, а кај три оператори, утврдено е дека вработените немале спроведено задолжителен здравствен преглед.

Изречени се парични кази за 18 оператори.

Кај 5 оператори запленета и нештетно уништени се 40 килограми небезбедна храна“, стои во соопштението на АХВ.

01.11.2024 - 15:36

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега